Во недела на 04.11.2018 (на самиот роденден на Битола) во 12:30 часот Ве ПОВИКУВАМ сите самоволно да дојдите во градскиот парк во Битола, одма наспроти ресторанот на нашата младост Император (во делот од паркот каде што нема дрва, одма до пешачката патека), и поможите да го направиме најголемиот „ЖИВ“ графит (составен од луѓе = сите ние).

Подетално: Снимка од висина на која што сите ние застанати еден до еден ќе направиме еден натпис за Битола (како на сликата).

По моја пресметка за тоа што го имам замислено потребни се околу 200-300 луѓе (мажи, жени, деца, бебиња проодени и непроодени, пензионери, кучиња итн.).

Се шо е потребно е на претходно обележани линии на тревникот да застаниме и од висина со дрон да направиме слика на која што би се читало замисленото! Доколку се е по планот, цел настан би траел околу 20-30 минути.

Битно е да има доволно луѓе за да сликата/ снимката биде успешна. Доколку нема доволен број, ние што ќе бидиме таму малку ќе се „рашириме“ и снимката повторно ќе биде успешна. Доколку пак има повеќе од доволно луѓе ќе има место бележано па сите да се сместиме во снимката/сликата.

Остајте си место за кафе, таму ќе бидат дечките од ТРИЦИКЛО (подвижен точак кој служи кафе) кои ќе ни продаваат кафе !

НАЈБИТНО! Сите да сме координирани за што побрзо да завршиме и кога ќе си заминиме да го оставиме местото како да НЕ СМЕ ни биле!

Дамјан Гугучевски