cof

Интензивни врнежи на дожд ќе има во текот на денешниот ден на север , запад, и југозапад од Македонија каде спаѓа и Битола, по што ќе поминат во снег и на некои од пониските места и тоа особено на запад и север од државава.

Краткотраен престанок на врнежите ќе има утре преку денот додека во текот на ноќта кон петок како и во петок ќе има нови врнежи и тоа претежно од снег, врнежи претежно од дожд или од дожд и снег ќе има претежно на југоисток.

Снежната покривка ќе продолжи да се зголемува на повисоките места и на планините додека формирање на снежна покривка некаде ќе имани на пониските места.

Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и за време на викендот максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени на југоисток а сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Подготви Славчо Поповски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here