Забава, урнебесна смеа и ведри мисли, тоа секогаш недостига. Колку и да звучи сето ова веќе видено, Тераса Широк Сокак знае на своите гости да им понуди сосема поинаков, нестандарден начин на забава.

Екипата од популарната летна тераса Широк Сокак овојпат ве состанува на исто место со добро познатиот шоу – мен Игор Џамбазов и најавува вистинско врвно шоу од музика, разговори и смеа!

Игор, како што сите го знаеме во секое време е одлично расположен, а сигурно и овојпат убаво ќе ни запее, ќе се претстави со авторска блуз точка, која ќе ја изведе заедно со Гуру Харе и ќе си ја отвори душата за многу теми..

Кој многу си го сака човеков може да не дружи. 😉

Се гледаме на 10-ти Август.