Битолчани кои подолго време работат и живеат во САД, достојно си ја испочитуваа својата традиција и останаа верни на нашите обичаи.
За Коледе во градчето Рејнолдсбург од државата Охајо, благодарение на Љупчо Чукар и неговата компанија Capital City Millwork (шумското) беше запален оган и заедно со нивните фамилии и битолската група Носталгија и Џесика Палашовска се забавуваа до касно во ноќта.

Од срце ги поздравуваме Љупчо Чукаро, Зоран, Веле, Боби, Јове, Слеџо, Ѓорги, Кире, Александар, Бале, попо Душко и им честитаме среќни празници…