Битолчани уште еднаш ја покажаа својата големина и великодушност учествувајки на хуманитарниот настан кој се одржа во текот на вчерашниот ден, недела 03 Јуни 2018 г. во долниот парк кај шеталиштето, кој беше организиран под покровителство на CAROUSEL – Здружение за деца со аутизам целебрална парализа и пречки во развојот.

Ова беше промотивна хуманитарна акција за реализација на кампот за хипотерапија кој ќе биде во близина на ЗОО Битола.
Средствата кои се собрани ќе бидат искористени за купување на опрема за јавање која е потребна на лицата со посебни потреби. Погледнете ја галеријата од нашиот настан.

Ви благодариме за хуманоста!