35 годишната Мери Тошевска од Битола која е неподвижна и врзана за инвалидска количка боледува од повреди на ’рбетот. Болеста и’ била дијагностицирана во Турција по направената магнетна резонанца на глава и ’рбет по што добила повик од болница во Едрене за целосно испитување и изведување хируршки зафат, кој би можел да и помогне за повтроно да застане на нозе и да функционира самостојно и без помагала. За операцијата на Мери се потребни 10.000 евра, сретства кои нејзиното семејство не се во можност да ги обезбедат, па затоа испратија апел до сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат со донирање на сретства, со цел да се соберат потребните пари за нејзиното лекување.

За таа цел ќе биде организиран и хуманитарен концерт „Пееме за Мери“, кој ќе се одржи во Центарот за култура од Битола во големата сала на 03 февруари со почеток од 18:00 часот, а ќе настапат: Уникат бенд, Марија Цветановска, Кирил Стојчевски, Давид и Димитриј Стојчевски, Христијан Тришоски и Анастасија Центар со Ориентални танци.

Во прилог се денарската и девизната сметка на Мери Тошевска, каде може да се донира.

Денарска Сметка
Мери Тошевска
210700000644798А
НЛБ Банка АД Скопје

-Девизна Сметка
Meri Tosevska
Ul.Partizanska Br.55/4-1, Bitola
IBAN Code MK07210501725644502
NLB BANKA AD SKOPJE
Majka Tereza Br.1
MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22