Според текст на професор Димитар Гелев објавен во стар Дневник, издание кое моментално е избришано во архивите и можеби сеуште го има некој во печатена верзија раскажува за божицата Хипатија, која Македонците толку многу ја ценеле и во чија чест граделе исто толку многу цркви… Се друго оставаме на еминентите историчари и истражувачи, бидејќи ова сигурно повеќето ќе го прочитате за прв пат…

“Хипатија била жена пророк која била родена во Битола, тогашна Хераклеа. Татко и Теон, бил филозоф. Таа му помагала на семејството на Александар Македонски. Александар Македонски бил отруен и умрел од отров. Во заговорот за неговото убиство учествувал и неговиот зет. Додека умирал, се уште зашеметен од отровот му наредил на син му Димитрија да го донесе во Македонија телото на еден еврејски пророк. Пророк кој е вброен во Библијата меѓу книгите на пророците. Александар верувал дека нему му се случиле истите работи што на Блискиот Исток се случиле за време на тој библиски пророк. Токму затоа на смртната постела и го замолил син му Димитрија, телото на тој пророк да го однесе во Македонија како симбол што народот во Македонија треба да го памети “еднаш и засекогаш”.

Димитрија тоа навистина и го направил, но кога дошол во Битола дознал дека се убиени пророчицата Хипатија и некои луѓе блиски на Александар Македонски и дека и во тој заговор повторно учествувал неговиот зет. Тогаш тој заедно со сопругот на Хипатија ги убил зет му и сите луѓе што биле вмешани во труењето на Александар и во убиството на Хипатија. Димитрија и сопругот на Хипатија по книгите се шифрирани како “Хион и Леонид”. Во негова чест и во чест на Хипатија во Битола е изградена една црква која стои до ден денешен. Тоа е најголемата црква во Битола – “Свети Димитрија”.

Тој ќе биде наречен Сотер или Спасителот, а една цела династија негови наследници ќе владее со Либан, Сирија, Палестина и Израел како династија Сотер. Заради хаосот што настанал во Битола во тоа време, пријателите на Димитрија Сотер телото на библискиот пророк ќе го донесат и ќе го закопаат во Скопје, каде што тоа се наоѓа до ден денешен. Хераклеја подоцна ќе биде наречена Битола, по првата книга Мојсиева – “Битие”. На сличен начин своето име ќе го добие и денешниот “Бит-Пазар”, по првата книга Мојсиева. “Битието” ја означува “суштината на проблемот”. Телото на еврејскиот пророк било симбол за таа “суштина”, за тоа “битие”.

Пророчицата Хипатија ќе биде искасапена на четири дела. На четири дела ќе биде поделено и царството на Александар Македонски. Судбината сакала династијата на Димитрија Сотер да владее токму во Либан (Феникија), на местото каде што многу време пред тоа на ист начин била убиена тамошната видовита жена Изис. Таа е позната од легендата за Изис и Озирис. Таа била убиена со заговор од тогашниот египетски фараон, кој нам ни е познат како Хорус.”

Професор Димитар Гелев Хипатиевиот манастир во Кострома го граделе Македонци