“Некои граници поставени од предрасуди е време да се срушат, но со многу љубов.
“Hey you, isten” е цел универзум, песна – порака од многу чисти души. Викам гласно во името на брат ми Игор, во името на сите кои се на маргините, зборувам за вистински вредности” – Стефанија

Викендов се снимаше видео запис кој нема да ве остави рамнодушни. Во него учествуваа деца и возрасни со посебни потреби меѓу кои се нашите битолчани Пецката и Коста…

Со бескрајна среќа и полна душа споделуваме и го очекуваме спотот наскоро…

Ве поздравуваме!

Стефанија инфо: родена на 3-ти јануари 1992 година во Битола, Македонија. Дипломирана поп и џез пејачка на Новиот Бугарски Универзитет во Софија, Бугарија (2014 г.). Огромен е бројот на нејзините настапи, а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат изведувач. Нејзините авторски соло концерти, перформанси и учества на мјузикли, кои се состојат од танц, глума и пеење се причината поради која таа се појавува како комплетен артист: (авторски перформанси) „Девојчето со долгата коса“ музички соло перформанс 2016 г. (со кој прави турнеја низ Пелагонискиот регион), перформансите „Fly Project 1“ – 2013г. и „Fly Project 2“ 2015 г., мјузиклот „Music all“ во режија на Борис Панкин 2013 г., „Вечерна романс“ – џез- опера трио со Венера Мелеки (сопран) – Кипар и Љубомир Денев (пијано) – Бугарија 2014 г. Таа е артист во првиот приватен театар во Македонија, „Интимен театар“ – Битола и учествува во претставите „Со љубовта шегување нема“ 2014 г. и „Будење на пролетта“ 2015 г. во режија на Софија Ристевска. Во текот на ноември и декември 2015та година го промовираше својот прв музички албум „Ретро >Перспектива“, симбол за 11 годишниот период како соло изведувач. Албумот е составен од 11 песни, сите досегашни нејзини авторски песни, препеани детско-тинејџерски песни со нов аранжман, текст со силна порака и нови песни од различни соработки на македонски и англиски јазик, каде на повеќето од нив таа се јавува како текстописец. Изработени се видео записи во 2016 г. за „Разбуди ме“ , во 2015 г. за „Безнадежен“, „Волшебен миг“ и „Dance“ во нејзина режија, кои заедно со албумот беа промовирани во вид на шоу – перформанс низ повеќе градови во Македонија, во кој беа вклучени и деца со оштетен слух и говор, и во 2013 година „Бато“. Автор е на текстот и музиката. Прави сопствена музичка продукција “Welcome to STEFANIJA’s Music World” 2015г. Одржа многу концерти со својот бенд „Bluesis“, изведувајќи поп, рок, блуз и џез стил на музика во периодот 2012 – 2014 г. Во 2013 година, зема прво место на конкурсот „Теорија на музичките елементи“. Во 2010 година учествува во музичкото шоу „Music idol“ во Македонија. За време на студиите беше член во фолк – џез формација, мешан хор на НБУ. На нејзина 14 годишна возраст започна да учествува на музички интернационални фестивали, на меѓународниот тинејџерски фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп, Македонија 2005 г. ја освои првата награда Учи да свири на пијано и гитара. Се појавува и како жири на шоуто за таленти „Битола те сакам“ 2014 г. Сопственик е на „Анастасија Центар“, центар за перформанси, музика, мода и танц 2017г., каде држи часови по пеење, танц и манекенство.

Веб страна stefanijaofficial.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here