Наместо да пиеме кафе на Широк Сокак и кажано по битолски да скитаме (шетаме), се фативме за работа да го средиме чикмачето (сокаче) кај Бела Чешма да ни биде убаво и ние тука да доаѓаме, да се дружиме“, рече Надица Коловска, средношколка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Таа е дел од групата предводена од Младинската невладина организација „Форум 16“ што си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак.

“Лани ОБСЕ формира работна група од граѓански асоцијации кои требаше да работата на идентификување на гласини. Гласините креираат стереотипи, дискриминации и можат да доведат до говор на омраза. Не интересираа негативните стереотипи кои се однесуваат на младите. Младите беа идентификувани како мрзливи, апатични, неработливи токму затоа што сите овие години циркулираат гласини дека младите се постојано на интернет, постојано пијат кафе на Широк Сокак“, рече Наташа Чавдаровска, претседател на НВО „Форум 16“…

Извор и повеќе на Апла.мк