Ансамблите на КУД „Илинден“-Битола ги завршија подготовките и пробите за традиционалниот годишен концерт кој годинава е насловен „Градски приказни“.

На сцената во големата сала на НУ Центар за култура-Битола прво ќе настапат членовите на детските фолклорни ансамбли, а потоа и главниот фолклорен ансамбл, најави претседателот на КУД „Илинден“-Битола, Антонијо Димитровски, во пресрет на концертот закажан за утревечер во овој град.

-Повеќе од шест децении ние ги чуваме и негуваме културните вредности на битолската и македонската народна култура ширум светот. Не отстапуваме од традицијата и затоа утревечер над 350 членови на друштвото ќе учествуваат на годишниот концерт на кој ќе биде понудена старгоградска музика и игра со наслов „Градски приказни“, истакна Димитровски.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Според програмата, ансамблите на КУД „Илинден“-Битола ќе ги изведат ората „Буките“, „Левото“, „Патрунино“ и „Вај Вај“, чалгискиот оркестар „Румелија“ ќе настапи со песната „Крек Џоне Крек“, а низ посебна сценска адаптација ќе бидат презентирани „Охридски староградски игри“ и битолски песни и игри „На визита“.

-Во „КУД „Илинден“ со децении се гради и презентира програмски репертоар во кој се застапени и стручно подготвени за интерпретација традиционални вредности од македонското духовно и материјално културно наследство. Во нашето друштво илјадници млади луѓе го почувствувале здивот на традицијата, и затоа не е нескромно ако речам дека КУД „Илинден“ е изворот од кој се пие првата голтка љубов кон народната култура, посочи Димитровски.

Фотографии на Сашо Ставрев

КУД Илинден Битола

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here