Градска Кафеана во Хотел Епинал, изминатата сабота беше местото каде големиот кулинарски шеф Видоевски го презентираше морското мени во комбинација со сортните вина од винарија БОВИН.

ГРАДСКАТА СЕДЕНКА, спојот на вкусови од храна и вино, зачинети со добрата музика на ГРУПА БОЕМИ беше дефинитивно настан кој го одбележа викендот!

Тимот на Хотел Епинал испраќа покана и до Вас, во било кое време да ја посетите и да уживате во пријатната атмосфера во Кафеаната.

Останува ветувањето за бројни настани кои следат сезонава која претстои во Градската Кафеана и на Летната Тераса – ШИРОК СОКАК!