Кратко варен па печен ѓеврек – омилен доручек на битолчани. Крцкав од надвор, а мекичок од внатре, милина. Еве како да си подготвите домашни варени ѓевречиња.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец  (40 g)
  • 2-3 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер (неполна)
  • 400 г сусам
  • 2-3 лажици мед.

Подготовка:

  1. Ставете го квасецот со шеќерот во сад за месење и додадете околу 100 мл млака вода.
  2. Откако ќе се раствори и активира квасецот (со повремено мешање за да се стопи побрзо), додадете 400 ml млака вода, брашното, солта и маслото.
  3. Месете го тестото додека не престане да се лепи на рацете и додека не е доволно мазно.
  4. Поделете го тестото во мали топки, во зависност од саканата големина на ѓевреците. Секоја топка развлечете ја за да добие долга форма, која потоа се поврзува во круг.
  5. Веднаш ставајте ги ѓевреците еден по еден во зовриена вода каде што сте додале мед, нека поварат минута-две и извадете ги кога ќе се подигнат од дното на садот кон површината.
  6. Извадете ги од вода со помош на голема кујнска лажица со дупки и ставајте ги директно во сад со сусам. Потоа веднаш ставајте ги на подмачкан плех или на хартија за печење.
  7. Кога тавата е полна, ставете ја да се пече на 250 степени додека убаво не се испечат. Служете ги топли! На здравје…

www.macedoniancuisine.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here