Во Скопје годинава ќе се одржи парада на гордоста или попозната како Геј парада. Таа е планирана за 29 јуни каде што неколку стотици учесници ќе прошетаат низ улиците на Скопје.

“Битолчани се многу задоволни и ја поздравуваат одлуката бидејки град Скопје е вистинското место и баш скопјани вистински ја заслужуваат Геј парадата. Затоа веќе подолго време од Битола во Скопје намерно е испратен битолчанец кој е главен на таа лгбт заедница кој придонесува за грижа на геј популацијата и љубов без граници.

Да не остани покусо и со право нашиот јужен сосед кои од дамнина се светски познати по тие сега “современи” работи, веќе подолг временски период нѐ ословува како Република Скопје.

Да Ви биди среќна и бериќетна парадата драги скопјани, долги години традиционално да си ја одржувате и да си ја земите и за куќна слава. И да не се секирате сѐ што имаме од кај нас благовремено и навремено ќе Ви ги испратиме, само да има љубов меѓу сите вас таму”- стои во соопштението на битолчани…

Текстот е за забава и од рубриката лабавО во спомен и негување на традицијата на нашето вечно ривалство БТ/ск…