Вечерва од 19 до 22 часот започна ноќното скијање на ски-терените кај Нижеполе.

Терените за ск­и­­јање целосно подготвени, ски-патеките се исчистени и функционални, а паркинг просторот е уредно осветлен.

Од ЈП „Стрежево“ велат дека со цел збогатување на спектарот со понудени содржини за граѓаните, информираат дека љубителите на планинскиот туризам имаат и објектот чајџилница (бачило) кое ќе работи секој ден (понеделник-недела) со работно време 09-22 часот.

Популарниот топол планински чај ќе се продава по цена од 30 денари.

Висина на карти за скијање

Сезонска ски карта за возрасни 3000,00 денари

Сезонска ски карта за деца 2000,00 денари

Дневна ски карта за возрасни 300,00 денари

Дневна ски карта за деца 200,00 денари

Ски карта за ноќно скијање 200,00 денари

Во сезонската и дневната ски карта не е вклучено ноќното скијање.

Извор Тера ТВ