Денес 28.12.2018 г. во 12.00 ч. во малата сала Н.У. Завод и Музеј Битола етнологот – кустос советник Наде Геневска Брачиќ, пред битолчани ја презентира својата изложба : “Народно облекување”.

На изложбата беше презентиран дел од облековните елементи кои биле составен дел на традиционалните костими, осврнувајќи се на традиционалните облеки кои биле во употреба од крајот на 19 век па до средината на 20 век.

Изложбата е дел од годишната програма на Министерството за култура на Р. Македонија.