Бундеслигашот Магдебург денес ја официјализираше соработката со 22-годишниот ракометар кој потпиша тригодишен договор. Истиот ќе започне да тече од март оваа година и ќе заврши во истиот период во 2022 година.

„Среќен сум што постигнавме договор со Филип Кузмановски кој важи за еден од најталентираните ракометари на својата позиција. И покрај тоа што има само 22 години, тој има огромно интернационално искуство, настапувајќи во Лигата на шампионите и на големите репрезентативни натпреварувања. Кузмановски беше желба на многу клубови, па задоволни сме што одлучи да го засили нашиот тим. Му посакуваме одличен настап на претстојниот Мундијал и со нетрпшение го очекуваме во новата сезона“, изјави тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт.

Битолчанецот ја започна кариерата во Пелистер, потоа настапуваше за Металург, а моментално ги брани боите на Еурофарм Работник.

Извор и повеќе на ГОЛ.МК

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here