​Испитувањето на воздухот и неговата свежина во Битола датира уште од дамнешно Турско време. Имено кога сакале Турците да изградат болница, на четири локации во околината на Битола беа поставени јарина, кои на кол беа закачени и чувани со воена стража од Турски војници. Последно се распадна јарето на локација кај месноста Стрчин, сегашен Студенски Дом. Затоа таму и се изгради најголемата Турска болница (и сега таму квадратот е од 80-100 евра 😊)
Агите, беговите и богатите битолчани уште од пусто турско своите домови ги граделе покрај река, покрај реката Драгор и Курделес, за истовремено со нивната свежина го дишат и чистиот пелистерски воздух…
Најпознатите меани и кафеани како и познатата Дембел чаршија беа покрај река Драгор, чунки знаеле уште од тогаш каде е најубаво ѓезме да се прави.
Загадувањето во Битола е опишано уште во книгите и истражувањата за Битола од 80тите и 90тите години кое е изразито за време на зимскиот период. Како најголеми загадувачи се споменуваат греењето на домаќинствата, издувните гасови на возилата и индустрискиот комплекс на РЕК Битола. . Од мерните станици во Битола едната се наоѓа во центарот во близина на СВР Битола, а другата е во индустрискиот дел на градот. Како најчист и најмалку загаден дел од градот се населбите Брусничка, Лавчанска па Нова Битола и Стрчин а најповеќе загаденост во Генимаале, Боримечка и Центар…

Саркастичен цртеж на битолчанецот Тхе Мичо

Цитати :
Лов ис ин д еир, ама АИР НЕ ВИДОФМЕ !

Љубовта е во воздухот, а воздухот загаден е.

Работи кои секогаш ќе бидат во мода Чистиот воздух и сончевата светлина

Фактите се корисни. Малце по малце го чистат воздухот.

Биди фер. Не го загадувај воздухот нефер!

Дури и најголемите спортисти и најздравите луѓе имат мака од загадениот воздух.

И најмилите на тие што можат да го намалат загадувањето го дишат нечистиот воздух.

Сон на секој бел дроб – “Чист воздух”

Кога воздухо е чист и луѓето се супер !

Само еден здив на чист воздух !

Дали забележа дека истиот воздух го дишиме?

Чистиот воздух е во мода последно време…

Заборајфме да “дишиме” !

Кашлаш?…Не…Сигурно нешто не е во ред со тебе ! Или не си отука?

Нашиот воздух е наша иднина заедничка со нашите деца и поколенија…

Од тие шо се за дишење на чист воздух, 70 % се пушачи. Тие знаат најубо како е насабајле затнат ко ќе станиш…

УТРЕ ЗАЕДНО СИТЕ!

 ш