Денеска по 40-ти пат во Скопје се одржа традиционалната и најголема Меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 , во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.

Нашата битолчанка Евгенија Дивитарова, под менторство на Билјанка Христовска, за нејзината иновација, новата ЦеЕнЦе (CNC) машина која е со две функции ( гравирање и дупчење со бормашина) во конкуренција од над 30 учесници ја освои златната плакета.

На изложбата беа изложени пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво.

На изложбата беше присутен и Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски кој искажа воодушевување од ремек делото на нашата млада битолчанка.

Евгенија за најновиот модел од нејзината машина доби поддршка и од ФОД ДООЕЛ од Битола.

Честитки Евгенија…