Ракометарите на Еурофарм Работник уште еднаш ја потврдија својата доминација на домашно тло и со сигурна и атрактивна игра против новајлијата Бутел го запишаа 13. овосезонски триумф 28-22 (12-9). Така, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ без ниту еден пораз и само со едно реми презимуваат на врвот.

Помладиот битолски тим фуриозно го започна мечот прес својата публика и со брзи голови на Пецаковски, Ѓукиќ и Кузмановски веднаш се одлепи на четири гола (1-5), позитива која ја чуваше до самиот финиш од првиот дел, кога бутелци со два гола во серија успеаја да намалат на -3 (12-9). Во вториот дел избраниците на Игор Котевски одлично парираа со големиот фаворит, постигнаа повеќе голови отколку во првите 30 минути, но немаа сили за изненадување и на крај заслужено загубија со 28-22.

Филип Кузмановски со десет и Милан Ѓукиќ со по шест гола беа најефикасни кај победничкaта екипа, а Томче Стојановски и Мики Георгиевски постигнаа по четири гола за поразенит состав.

Извор Гол.мк