Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник e во Маврово под водство на Ѓорѓе Чирковиќ.

По неколку дена работа во Битола, сега српскиот тренер го има целиот ростер, со исклучок на повредените Трајковски и Крстевски, за да го подготви струшкиот турнир, а потоа и почетокот на Суперлигата.

Еурофарм Работник не ги крие големите амбиции оваа сезона, а верув дека може да се квалификува и во групната фаза на ЕХФ Купот.

Во Маврово експедицијата на Еурофарм Работник ќе остане до средината на следната недела.

Извор РК Еурофарм Работник