hdr

Со оглед на тоа дека полека, но сигурно наближуваме кон есен 2018 па ние како и секогаш така и овој пат решивме навремено да ве информираме околу временската состојба кај нас во текот на следните месеци:

Според најновите анализи кој ние ги направивме за претстојната есен 2018 не стојат ни малку добро затоа што според моменталната ситуација се очекуваат нешто позачестени врнежи особено на запад, Битола и битолско, и на југ од државава која повремено би можеле да бидат и доста поинтензивни и истите може да условуваат локални поројни поплави.

Гледано пак по температурите на воздухот истите би биле во рамките околу нормалата за есенскиот период иако повремено се можни и нешто посвежи продори од север кој би можеле да условат и потпросечни температури на воздухот. Се на се пред нас е една доста променлива есен со нешто почести врнежи.

ГИ СОВЕТУВАМЕ граѓаните редовно да ги следат нашите пократкорочни анализи на времето кој се далеку попрецизни. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!