Брза, лесна и превкусна торта која се прави буквално за 15 минути. Идејата за тортата ја видов на јутуб од некој германски канал, таму беше именувана како Еклер торта и веднаш ја направив.

Состојки:

30тина бисквити

1 кг подготвен пудинг од ванила (според упатството)

1 изматен шлаг (според упатството на ќесичката)

50 гр растопен путер

3 лажици какао

200 г шеќер во прав

6 лажици млеко

трошка сол

Подготовка

Прво се варат 3 пудинзи со еден литар млеко и шеќер според упатството на ќесичките. Се трга настрана да се олади покриен со најлонска фолија за да не формира кора.

Откако ќе се олади пудингот, се мати 1 ќесичка шлаг крем со млеко (според упатството) и се додава на оладениот пудинг е убаво се мати да се изедначи филот.

Се реди еден ред бисквити (јас ги макав во млеко), се нанесува половина фил, се реди уште еден ред бисквити и се нанесува останатиот фил. Се реди третиот ред бисквити.

Глазурата се прави со мешање на растопениот путер, млеко, шеќер во прав, какао и се додава ронка сол. Не се вари, само се меша и се нанесува одозгора над третиот ред бисквити.

Тортата се става во фрижидер убаво да се зацврсти и олади.

Рецептот го испрати Гордана Аџиева – Михајловска

www.macedoniancuisine.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here