Конечно битолскиот РК Еурофарм Работник ќе биде домаќин во салата „Боро Чурлевски“ во деби сезоната во Лигата на шампионите.

После инспекцијата на ЕХФ е добиено зелено светло и одобрување за одигрување на меѓународните натпревари во СЕХА лигата.

Наскоро се очекува да биде поставен и вториот семафор, санацијата на јужната трибина е при крај и санирани се неколку од поголемите ударни дупки на влезот од паркингот пред спортската сала.

На 15 ти Септември тука на гости го очекуваме Спартак од Москва за старт на дебитанската сезона во Лигата на шампиони.

Нека ни е аирлија…