Дражен Петровиќ не беше само најдобриот кошаркар во Југославија и Европа, туку и најпопуларен спортист во тоа време. Еден од доказите за тоа е оваа колумна од 1986 г. која е објавена во тогашниот спортски весник Темпо

каде илјадници дописници испраќаа писма од сите делови на Југославија само за него.

Тоа беше особено интересно бидејќи во ова изобилство на прашања, пораки и пофалби , повеќето од нив беа испратени од претставничките на поубавиот пол, меѓу кои две се и од нашиот роден град Битола. Тие го запрашаа:

“-Дали имаш девојка? … го запраша Виолета Ристевска од Битола.
-Стална не…(Д.П.)

Моментално најдобрата кошаркарска петорка во Европа, се разбира со тебе во неа?... го праша Наташа Ристевска од Битола.
-Сабонис, Мартин, Сан Епифанио, Валтерс и јас. (Д.П.)”

Целосното интервју со Дражен Петровиќ се состои од два дела кои ќе ги најдете

ТУКА

Инаку Дражен Петровиќ (Шибеник, 22 октомври 1964 – Денкендорф, 7 јуни 1993) беше југословенски и хрватски кошаркар, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња. Кариерата ја започнал во КК Шибенка, продолжил во КК Цибона и КК Реал Мадрид, со кој имаше најмногу успеси. Кариерата ја продолжил во НБА клубовите Портланд Трејл Блејзерс и Њу Џерси Нетс.

Со репрезентацијата на Југославија освои бронзен и сребрен медал на Летните олимписки игри во 1984. и 1988, а со репрезентацијата на Хрватска сребрен медал во 1992. Во 1985. година ја примил наградата „Златна значка“ на списанието Спорт, наградa за најдобар спортист во тогашна СФРЈ. Трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993. Неговиот придонес во НБАлигата е огромен и имал големо влијание во понатамошните трансфери на европските кошаркари во таа лига. Во 2008. година Здружението на европски професионални кошаркарски клубови и лиги УЛЕБ го избра меѓу 50-те луѓе кои се најзаслужни за развојот на кошарката во Европа. Трагично го заврши својот живот на 28 години загинувајќи во сообраќајна незгода во Германија…