Денес се одбележува 5 мај, Светскиот ден на акушерките. Нераздвојната алка од синџирот на професии во Болница „Плодност“ се токму нашите племенити акушерки.Во секојдневните работни активности, тие се грижат секое породување да заврши безбедно, а во текот на целата бременост, главната задача им е да ја направат бременоста на трудниците полесна и да и дадат максимална подршка на пациентката за да донесе на свет здраво дете. Нивната топлина, љубов и грижа за секоја пациентка и за секое новороденче, ја почувствувале илјадници наши задоволни пациентки. Ви го честитаме Светскиот ден на акушерките, драги наши, со желби за уште поголеми лични работни успеси во Болница „Плодност“.