Познавајќи ја Кромберг & Шуберт како општествено одговорна компанија која постојано помага во образованието и останатите општествени области, им се обративме со барање за донација за опремување на училницата за нашите првоодделенчиња. Како компанија која е секогаш подготвена да излезе пресрет на барањата на граѓаните и институциите, а во насока на подобрување на животната и работната средина, тие веднаш без двоумење ни излегоа пресрет, позитивно одговорија на нашето барање и од компанијата се набавени 8 масички и 32 столчиња.

Во таа насока, би сакале да ја искористиме оваа прилика да изразиме огромна благодарност до КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола за доделената донација. Со нивната донација, училниците ќе бидат поубаво катче за престој на учениците во нашето училиште. И се надеваме дека со ова нема да престане соработката со нив туку дека ќе продолжи понатаму и со други проекти. – истакна директорката на училиштето г-ѓа Гордана Анастасова.