ДОЈДИ И ТИ,
ПРИЈАТЕЛЕ,
ВО ХРАМОТ СВ. НИКОЛА

Станувам рано.
А, градот спие.

Градот е долу.

Битола.

Јас
одам горе,
право,
па, десно.

Во Лавци.

Храм,
Св. Никола.

Костен
со пречник,
дебело стебло,
на влезот
ме поздравува.

Предците велат
назад
со векови

плод,
злато
секогаш давал.

Икона
држел,
години , многу,
на своите
дрвени гради.

Благослов
било
храмот
се градел,
кај стари
и, кај млади.

Жив сведок
кажа,
а,било пролет.

Непознат
дошол од градот,
светецот
на сон,
му пришол
тажен,
жеден бил,
вода,
му барал.

Му рекол,
дека,
разрешил случка
на јаве,
стварност, што била,
на свадба,
своја,
од син,
или ќерка,
кај својата
челад, мила.

А, така
било,
како што рекол,
светецот.

И,
вода чиста.

Пред храмот
в костен,
да пушти,
барал.

И,
тој, ќе пиел
од истата.

И,
јас,
така правам.
Вода му ставам.
Кај коренот.

Да биде влажен.

Не сакам светецот
и, ова дрво
да имаат
поглед тажен.

Во храмот
внатре
кај сите светци,
пред ликот,
за здравје
често,
мир, во душа
барам.
Или,
се молам.

На оваа,
свето место.

Дојди!
И, ти.
Пријателе.

Не чекај
сон
да си сонуваш.

Ѕвончето црковно
наутро,
те вика,
тебе ти ѕвони.

Богатство
во тебе царува.

Благослов,
бог да те дарува.

А, тој,
го познава патот,
на судниот час.

Од саатот.

Ако се разбудиш
порано,
а, си, од градот
Битола,
тргни.
И, пеш,
а, нагоре,
во Лавци,
Храм
Св. Никола.

Врапчето,
среќно
кај црцори.

Ветерот песна
кај пее.

Ѕвончето силно
кај ѕвони.

Да слушнам
убав глас,
тргнувам
таму
и јас,

Дојди и ти.

Пријателе
на храмот
Св. Никола.

На ден Св.икола
во храмот
СВ. НИКОЛА.

Добре Ангелов

.