Александар Димовски – Димса на 12 мај ќе ја има втората профи борба во Олтен, Швајцарија, на настанот Стори 6.

Димовски ќе се бори со гостиварецот Сазан Мемеди во тешка категорија над 95 килограми по правилата на К-1. Мемеди живее во Швајцарија.

На овој настан се очкува да настапат и други познати борци во кик-боксот, меѓу кои е и Бени Османоски.

„Ова е нов предизвик за мене, кој и го очекував. Имам доволно време за анализа на противникот, а и да ја темпирам формата до 12 ма. Очекувам уште една работа во врска со овој настан, но затоа-потоа“, изјави Димовски.

Да потсетиме дека Димовски на 25 февруари извојува победа над Кристоф Нади од Унгарија со одлука на судииите на Фајт најт во Кросхал во Базел, Швајцарија.

Ipon.mk