Алексанадар Димовски – Димсата синоќа извојува победа над Кристоф Нади од Унгарија со одлука на судииите на Фајт Најт во Кросхал во Базел, Швајцарија.

„Тешка борба со многу потежок и многу издржлив противник кој има континуитет на натпревари во профи рингот. Влегов нервозно, но се средив и продолжив во мој стил, со тактика чекајќи повеќе шанси од контри, бидејќи бев подолг и повисок.

Тоа и успеав да го искористам. Мидл кикот со втората нога работеше и повеќе пати ја погоди целта. Имаше и еден удар кој не беше доволен за нокаут. Се на се, добро враќање во рингот и прекрасен прием од тукашните луѓе. Бев како домашен борец“, изјави Димовски.

Браво Димса!

Извор и повеќе на Ipon.mk