1. Прав џентлмен во вистинска смисла на зборот. Се поздравува со цврста рака, насмевка и поглед вперен во очи.
2. Со висок бонтон. Добро утро, добар ден, Здраво како сте, Имајте убав ден, Ви благодарам. Однесувањето му е секогаш на прво место и е културен и воспитан.
3. Уреден и чист, испеган, дотеран, избричен или со уредена брада и мустаќи.
4. Педантен и културен, човек на ниво, без плукање и фрлање на ѓубре или отпушоци по улици, за секнење нос да не прајме муабет!
5.Носење на шапка и палто (капут), џек.
6.Возење на точак!
7.Кафеџија, љубител на постојано дружење и забава.
8.Планинар, неуморен шетач и беспрекорен љубител на Баба планина и Пелистер
9.Познавач на повеќе јазици-полиглот, англиски обавезен…
10.Чкембар, посетител на сите спортско рекреативни натпревари во Битола, навивач со високо достоинство како најстара навивачка група во РМ и пример за фер навивање! Кавга само со судиите 😊