После најавата за бесплатно менување на печките за дрва со електрични инвертери на битолчани им се врате довербата за конечно доаѓање на поквалитетен живот во Битола.

Кладилниците и казината веќе започнаа со триење раце и организирање на нови игри поврзани со овој проект. Така да за остварување и реализација во тековната 2019 г. коефициентот 1 е 10 (ако се кладите со 100 денари добивате 1000 ден.) за 2020 изнесува 9, 2021 7,5 итн. Казината започнаа да воведуваат и ЏЕК ПОТ со слика од ќумбе, кое доколку ја имате таа ретка можност да го добиете ќе ја имате таа среќа да го смените за клима инвертер.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Одлична можност која не смееме да ја пропуштиме. Таман планиравме да си заминиме оттука, некаде во Германија или орман да фатиме во Австралија, се одлучивме да почекаме уште оваа зима и да ја искористиме и оваа шанса …” со неизмерна среќа и солзи радосници во очите ни се довери еден постар битолчанец.

Продавниците за бела техника и старите отпади започнаа да воведуваат 24 часовна вооружена стража која ќе им помогне да ги зачуваат преостанатите печки на дрва кои битолчани сега би ги купиле и злоупотребиле за да ги заменат со клима инвертери.

Конечно после големите успеси и визионерски потфати во Битола како изградбата на локалните патишта, зеленило, затворени базени, стадион, спа центри, луна парк, гасовод, детско одморалиште, планинарски дом, субвенционирана струја, нови противпожарни возила, градски трговски центар, катни гаражи, велосипедски патеки, филтри на Рек Битола и многу многу други проекти битолчани ќе имаат можност да го почуствуваат и бенефитот на овај проект за субвенционирање.

Веста е дел од нашата забавна рубрика ЛабавО и ја отсликува моменталната ситуација во која се наоѓаме додека голем дел од популистичките ветувања слични на ова до ден денес не се остварени.

Фотографии непознат извор

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here