На лекарските грешки им нема крај. Овојпат цената ја плати нашата Мери Тошевска (Китеска).
Мери е погрешно лекувана цели 8 години од мултиплекс склероза, поради што последните 2 години е врзана за инвалидска количка. Поради упорноста на Мери и нејзиното семејство направена е магнетна резонанса на глава и р’бет и пратени се снимките во Турција за да се добие трето мислење.

Како што се испостави од Турција добиен е одговор дека воопшто не се работи за мултиплекс склероза туку за повреда на р’бетот. Заради ова Мери добива повик од УК Тракија од Едрене Турција за целосно испитување и за изведување на хирушки зафат кој ќе ја крене на нозе и повторно ќе може да функционира самостојно и без помагала.
За оваа цел на Мери и се потребни 10.000 евра кои ние треба да и помогнеме да ги собере.

Ајде како и секогаш да ја покажеме нашата хуманост. Да и помогнеме на Мери да ја фрли инвалидската количка и да застане на свои нозе.

Во тек е процедура за добивање на броеви за донирање, а во меѓувреме да не губиме време и да помогнеме колку што можеме.
Во прилог се денарската и девизната сметка од Мери

-Денарска Сметка
Мери Тошевска
210700000644798А
НЛБ Банка АД Скопје
-Девизна Сметка
Meri Tosevska
Ul.Partizanska Br.55/4-1, Bitola
IBAN Code MK07210501725644502
NLB BANKA AD SKOPJE
Majka Tereza Br.1
MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22

И би Ве замолиле секој од вас да го сподели овој пост на својот профил…

Горан Богдановски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here