Во секојдневниот живот се сретнуваме со термини како на пример мафија и сите мафијашки облици : урбана мафија, авто мафија, нарко мафија, фармацефтска мафија и т.н.
Но, малку познат, а од властите нормално и игнориран, е терминот цветна мафија.
Цвеќињата се еден од најбитните сегменти од животот на луѓето. Кога се слави или кога се тажи секогаш се носи цвеќе. Кога се обрнува внимание кон важна личност или кога се влегува во швалерски грев, неверство и кога се оди во Марсеј секогаш се носи цвеќе.

Цветната мафија е многу сурова, бидејќи работи на принципот на самоубивство. Влегваш во цвеќарата и гледаш еден куп букети и на цвеќарката му велиш “Ми треба цвеќе” а таа ти вели “До колку пари ?”и одма ти ја пушта јадицата на дубинско и те чека сам да се упецаш, сам крвта да си ја пролееш. Која било цена да му ја кажиш таа истото цвеќе ќе ти го дај, а то ти е исто како да си имаш в нога сам пукнато. Ама навистина сите букети се исти, скрос исти.

Најмногу страдаат овие шо се швалерите. Тие обично појма немат од хортикултура, а цените на цветната мафија никој не ги знај точно како се движат, а згора на се е и онаа народната “Ако не знајш шо е убо, прашај шо е скапо”. Па така овие швалерите влегват во цвеќара, сакат да остат в печаток кај швалерката и му велат на цвеќарката “Дајте ми еден букет до 500 денари” а цвеќарите такви како него чекат цел ден, и само го зема букетот шо би му го продале и ако овој побараше букет за 150, ќе му клај малку од целофанот, ќе му напрај една панделка и на крајот ќе му прсни со спрејот малку колку од мисла и ајде 500 денари ќе го опаљаши.
На второ место на листата деца страдалници се деверите на свадба, ко ќе треба да се купва бидермаер. Е тука паѓа кражбата на векот. За една китка боливач завиткана во целофан иљадарка минимум. Е то е најскапио чај во Европа. УУУ Мафијаши, ама тогаш не гледаш ти на цената, ко е за арно и среќен момент, ама мафијата демни од далечините.
Поддејност на цветната мафија е украсување за семејни веселби. На пример да ти украси за свадбата дома и плус колите на деверот и на кумот сто евра. Колкуууу ??? Сто евра, толку е сегде. Да бе толку е сегде ама во Германија.
И одма ти почнува, ама господине кладовме ленти шампањ боја, панделка од овој материјал, кладовме мрежа… Абе и прасе печено да не кладовте случајно ? Бо бо бо
Е то е то браќа и сестри, внимавајте со цветната мафија, таа е како вода под рогузина шо велат старите.
Ај здраво …

Текст Виктор А.К.А. Башлак

Насловна фото непознат извор од интенет