Истражувањата во изминатите години покажаа дека Јени џамија крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, а се смета дека едната од нив е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата во внатрешноста беа пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на Богородица во молитва. За највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

Се претпоставува дека црквата „Св. Ѓорѓи“ била епископија во времето на 11 век, во периодот кога тука живеел Гаврило Радомир , синот на Цар Самоил. Старите битолчани џамијата ја нарекуваат и Нал-џамиси или Потковица џамија, а според преданијата токму црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на Битола била украсена со исцртаната потковица.

Битолската Јени џамија денес е во завршна фаза да биде галерија слична како што е познатата „Аја Софија“ во Истанбул.

Извор Жанета Здравковска Сдк.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here