“Благодарен сум што добив шанса и мило ми е што сум на скратениот список. Ова за мене ќе биде ново и големо искуство и поради тоа со голема енергија и ентузијазам се вклучувам кон репрезентацијата.

Неизмерна е среќата да настапуваш за својата земја, а уште поголема тоа што натпреварот се игра во мојот роден град. Чувствата ми се измешани, голема среќа, но и исто така голема одговорност пред очекувањата на својата публика. Сепак, тоа претставува мотив плус за мене, да се претставам во најдобро светло“, за Гол.мк изјави ракометарот на Еурофарм Работник Филип Чурлевски.

Повеќе ТУКА