Денес во 12.00 ч. во помошните објекти на Копанки од страна на членовите на ПСК Пелистер беше свртено парето за Василица. Традиционално околу осумдесет години мазникот со парето се вртат на Баба планина.

Оваа година “среќлијата” е младиот планинар Горан Дамевски на кого му посакуваме да има убава и среќна година заедно со останатите членови од неговиот клуб ПСК ПЕЛИСТЕР и конечно оваа 2019 г. целосно да се заврши обновата на опожарениот дом Копанки!

Фотографии и текст ПСК ПЕЛИСТЕР