Во неделата, на 18.11.2018 во Спортската сала „Павел Шатев“ во Битола беше одржан четвртиот по ред Бодовен натпревар во стандардни, латино-американски и модерни спортски танци во организација на танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола.

На натпреварот учество зедоа сите 7 клуба кои што се членови на Танцовата Спортска Федерација на Македонија со над 200 члена.

Натпреварот се одвиваше во четири дела:

-Спортски танцови двојки во стандарни танци А лига

-Спортски танцови двојки во латино американски танци А лига

-Спортски танцови двојки во Б лига

-Модерни спортски танци

Натпреварувачите беа оценувани согласни пропозициите на овој спорт од вкупно 7 судии.

Клубот домаќин се закити со 19 први места, 7 втори, 5 трети места и пласман во неколку финалиња.

-„Задоволни сме од тоа како течеше натпреварот во целост, натпреварувачите го дадоа својот максимум, а резултатите не изостанаа. Континуираната работа и вложена енергија на тренерите резултираше со напредок кај сите наши натпреварувачи во сите старосни групи и категории. Секако трудот и вложувањето на децата имаат големо влијание и заради тоа продолжуваме со исто и малце појако темпо на работа кон уште поголеми спортски достигнувања“ – истакна претседателот на клубот, Вера Сретенова-Симјановска.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here