Кликнете на банерот за инфо

Луѓето во зависност од тоа колку се суеверни дури и се придржуваат до одредени ритуали, а ова се дел од народните верувања и што тие може да донесат…

Ви пренесуваме еден мал дел од нив кои се присутни во Битола и битолско…

Ако некој го пие жешко кафето (се плаши од невестата или мажот: наводно ита за да го испие побрзо да си замини дома)

Кога имате дома скршени или пукнати предмети истите носеле несреќа и негативна енергија.

Ако те чеша носот, ќе имаш кавга.

Ако те чеша брадата, ќе бидеш среќен

Десна рака, ќе даваш пари, лева рака, ќе земаш.

Ако ти зуе десното уво, ќе слушнеш добра вест, ако е левото уво носи лоша вест…

Ако ти игра окото, нешто лошо ќе се случи. Во умот сам неколку пати си велиш “Да игра само за арно”… се додека престане.

На ловџија или на рибар никогаш не му се вели “Со среќа” кога ќе заминат на лов или риболов.

Ако ти претрча црна мачка, несреќа. Ако мораш од таму да поминеш, поминуваш со широка насмевка.

Мало пајаче во домот-среќа или пари.

Повеќе пајачиња и пајажина, време е да зачисти домаќинката 😊😊😊