Некој многу гладен рано наутро – се разбудил во 6 ч, и право на хранилиште…

Мониторниг на крупни месојади во НП Пелистер, преку инсталирани камери на 8 ноември годинава. Тим составен од експерти за мониторинг ангажирани од ЦеПроСАРД и ренџери вработени во паркот поставија 10 фото замки на повеќе локации на територијата на паркот.

Системот е набавен во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“, наменет за мониторинг и заштита на кафеавата мечка (Ursus arctos), рисот (Lynx lynx) и волкот (Canis lupus).
Oвој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер, како дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, средства кои ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање преку финансирање од Европската унија, а ја спроведува УНДП.

Национален Парк Пелистер

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here