Ако ви доаѓаат гости, а немате многу време да им подготвите нешто, овие салати се навистина одличен избор во кој сите ќе уживаат.

Се подготвуваат многу брзо и лесно, многу се вкусни и се одличен прилог со кифлички и други печива, како и со ракија или мастика.

ТИРО САЛАТА

Состојки:

250 г фета сирење

400 г павлака

5-6 лути пиперчиња (туршија или свежи)

1/2 лажичка оригано

1/2 лажичка сув магдонос

сол

Подготовка:

Сирењето издробете го со виљушка, додадете ги ситно исечканите лути пиперчиња, павлаката, ориганото и сувиот магдонос и убаво промешајте.

СУСАМ САЛАТА

250 гр урда

3-4 лажици павлака

2 лажици мајонез

100 гр потпечен сусам

Подготовка:

Потпечете го сусамот на тавче без масло. Ќе добие прекрасна арома.

Измешајте ги урдата, павлаката и мајонезот и додадете го сусамот и убаво измешајте.

Добар апетит!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here