Превкусна чоколадна торта за која не ви треба ни миксер, ни јајца, ни маргарини, а не ви треба ни многу време.
Состојки

1 пакување темни кори за торта (3 кори)

За фил
500 мл слатка павлака
200 г квалитетно темно чоколадо
3 лажици какао крем (финети)

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

За прелевање на корите
150 мл врело млеко
1 лажица инстант чоколадо (несквик)

За декорација- половина ќесичка изматен шлаг крем (според упатството)

Подготовка: Се вари кратко слатката павлака со чоколадото и какао кремот додека не се растопат убаво. Се меша до изедначување. Веднаш се става во замрзнувач да се олади и стврдни зашто ќе биде течен. Додека чекате, можете да си го направите шлагот за декорирање. Загрејте го млекото со 1 лажица инстант чоколадо, нека биде жешко. Откако ќе се олади филот, се зема една кора, се попрскува со половина од млекото и се нанесува од филот. Се повторува постапката и со втората кора, а на третата не се става млеко. Со преостанатиот фил се премачкува целата торта. Се декорира со шлагот и ако сакате да ја послужите за брзо, ставете ја во длабокото замрзнување околу 1 час за побрзо да се стегне. Инаку тортата наредниот ден е уште повкусна и се топи в уста.

Рецептот го испрати Гордана Аџиева-Михајловска

www.macedoniancuisine.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here