Браќата Данабаш биле кротки и мирни луѓе, угледни трговци кои се занимаваа со трговија на бензин и петролеј во Битола. Свое складиште под покровителство на фирмата Шел (Shell) имаа во населбата Боримечка каде сеуште се познава нивниот натпис.
Богатството и проклетството на наполеоните ги следи и нив и нивната фамилија.

Живееја на сам Широк Сокак во близина на барот Корзо. Куќата сега е Хрватски конзулат.

Едниот од нив во 1927 г. загинува на свиреп начин, убиен од лице кое е заслепено од нивнито богатство и лесниот начин за да дојде до него. Петар Данабаш (62 г.) бил убиен на спиење,

Убиениот милионер Петар Данабаш

со нож и гумен пендрак наполнат со олово. Разбојникот Рудолф Берглес се прекачил со скала на неговиот прозорец, од каде влегол во спалната соба, го убил удирајќи го со гумениот пендрак и потоа со нож, ги одзел клучевите од под перницата на која спиел Петар и ја отворил касата во која имало околу 1700 наполеони, 30 стари златници, 5000 тогашни динари и нешто стар накит. За Битола ова убиство била права сензација. До тогаш ваквите случувања биле ретки и сето помина во неверување. Братот Јанко бил на другиот спрат со неговите деца и фамилија и кога се разбудил заприметил дека влезната вратата дека е отворена и се посомневал дека нешто не е во ред.

После убиството било тешко да се влези во трага на разбојниците. Но Јанко шетајќи кај лихварите и менувачите во битолскиот пазар препознал еден од старите дукати кој бил истружен од двете страни. За истото пријавил во полиција кои го приведоа лицето и по извршениот распит добија информација дека тој бил добиен од Рудолф Берглес. Потрагата по разбојникот започнала и истиот е пронајден во Белград каде бил уапсен. По долгата истрага го признал делото и раскажал за начинот како тоа го сторил. Од белградскиот суд бил осуден на голема затворска казна, но умира во битолскиот затвор при неговиот обид за бегство кога еден од стражарите го погоди право во вратот.
После Втората Светска војна на угледната битолска фамилија Данабаш му бил одземен и конфискуван цел имот, сите пари и богатство. Истите со голема тага и во исто време и бес ја напуштија Битола и до ден денес ја немаат посетено ниту сакаат да слушнат за неа…

Извор весник Време од 1927 г.