Во летните жешки денови, Просветно дело се погрижи за анимација и креација и за најмалите, да можат забавно да го пополнат времето, како дома, така и на плажа, а и кај баба и дедо!

Станува збор за БОЕНКА ЕДНОРОЗИ – која можеби како тема поомилена ќе биде за девојчињата. Ним, еднорозите им се добро познати и како ликови од едицијата „ Миа и јас“, каде што се опишани сите еднорози и наведени се со нивните имиња.

Боенката е обемна, А4 формат, кој дозволува присуство на повеќе елементи на секоја страница, нивна комбинација, а сепак доволно голема површина за боење.

БОЕНКАТА ДИНОСАУРУСИ тематски, пак, како повеќе да ги привлекуваа момчињата. Овде се задржани истиот формат и големина, така што и момчињата можат на голема површина да бојат и да комбинираат бои според нивната замисла.

Родители, ваше е само да им обезбедите боички на вашите најмили и да им ги пополните деновите со мнооогу забава! Уживајте!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here