Можеби бројот на допаѓања на Instagram еден ден ќе замине во историјата, но засега, ова е „мерило“ за популарноста на фотографиите на платформата.

Бидејќи познатите се оние чии Instagram профили имаат милиони следбеници, тогаш не е ни чудно што нивните објави имаат најмногу допаѓања.

Но помеѓу сите фотографии од познати, на листава се наоѓа и фотографија од Наса каде ние го препознавме нашиот кружен тек со новото лед осветлување.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Листата ја започнуваме вака:

Фотографија на Селена Гомез од мај 2019 – 12,1 милиони допаѓања

Уште една фотографија од Селена Гомез од април 2019 – 12,2 милиони допаѓања

Кајли Џенер и нејзината ќерка Сторми во август 2018 – 12,3 милиони допаѓања

Најавата на Кристијано Роналдо дека ќе го напушта Real Madrid, за да му се приклучи на Juventus, за рекордни 100 милиони долари – 12,3 милиони допаѓања

Две недели откако фотографијата со јајце собра најмногу допаѓања на Instagram, од истиот профил беше објавена уште една фотографија со јајце, овој пат со мала пукнатина – 12,5 милиони

Божиќната фотографија на Кристијано Роналдо – 12,8 милиони допаѓања

Фотографијата на Аријана Гранде од нејзиното поранешно момче, ден по неговата смрт во септември, 2018 – 12,8 милиони допаѓања

Кајли Џенер и 1-месечната ќерка во март 2018 – 13 милиони допаѓања

Објавата на Том Холанд од прошетката со Роберт Дауни Џуниор, во август 2019-та – 13,2 милиони допаѓања

Објавата на Кајли Џенер за роденденот на нејзиното момче, раперот Тревис Скот – 13,3 милиони допаѓања

Фотографијата на Џастин Бибер и Хејли Болдвин, откако се верија во 2018-та – 13,5 милиони допаѓања

На денот на премиерата на Avengers: Endgame, Кајли Џенер објави семејна фотографија каде што сите носат костими од суперхерои – 13,7 милиони допаѓања

Кајли Џенер сподели фотографија од фотосесијата за Playboy, каде што позира гола до нејзиното момче – 14 милиони допаѓања

Фотографија од Селена Гомез во Италија – 14,4 милиони допаѓања

Селена Гомез и нејзините пријателки на плажа, пред венчавката на една од нив – 14,5 милиони допаѓања

Објавата на Двејн Џонсон од неговата венчавка со Лорен Хашијан – 14, 7 милиони допаѓања

Tentree е еколошки бренд за облека кој ја објави оваа фотографија, со известување дека ќе посадат илјадници дрва, во зависност од бројот на допаѓања на фотографијата. Подоцна од компанијата изјавија дека ќе посадат 500.000 дрва во Индонезија

Последната објава на XXXTentacion, пред неговата смрт во мај 2018-та – 17,1 милиони допаѓања

Првата фотографија од ќерката на Кајли Џенер – 18,7 милиони допаѓања

Фотографија од Наса каде јасно се гледа нашиот кружен тек кај Нова Битола со новото лед осветлување објавена во септември 2019-та – 53,8 милиони допаѓања

Кружнио тек фотографиран од дрон…

Кликнете на фотографијата за Epic video

Повеќето од текстот е на Црно бело точка мк, освен делот од Наса кој е наш и измислен за забава од рубриката Лабаво. За повеќето работи не ни е потребна фалба, туку за истите се гледа дури од месечина, вклучувајќи го и сегашниот “напредок” на нашиот град…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here