Битолски зелник со блитва и изварка во комбинација со Битолско кисело млеко

„Ако не си пробал битолски зелник, исто како да не си бил во Битола” e една од честите изреки на битолчани. Автентичен и препознатлив по својот вкус, битолскиот рецепт за зелник е еден од најчуваните тајни на мајсторство на битолските домаќинства, кој веднаш ги освојува сетилата на секој еден што ќе го проба.

Но, што е подобро од битолски зелник е комбинацијата на битолскиот зелник со омиленото Битолско кисело млеко – двата најпрепознатливи „брендови” потпишани од битолските мајстори.

Во продолжение ви го претставуваме битолскиот зелник, овој пат во комбинација со блитва и изварка.

Состојки:

За тесто:

600 г брашно

околу 300 мл млака вода

2-3 лажици масло

1,5 лажичка сол

1 лажица оцет

малку шеќер

ронка сув квасец

250 гр маргарин или путер омекнат

Зајре:

Блитва, штаве, спанаќ или зеље, 400 г. урда и 1-2 јајца се мешаат

Начин на подготовка

1. Измешајте ги сите состојки за тестото и месете додека тестото не стани мазно. Додадете брашно или вода по потреба, поделете го тестото во две топки и оставете да се одморат 10-15 минути.

2. Исукајте кора со дебелина 2-3 см од тесто од едната топка и премачкајте ја со путер обилно. Превиткајте ја кората и горниот дел премачкајте го со маргарин или путер. Превиткајте уште еднаш и пак премачкајте ја горната страна. Превиткајте уште еднаш и ставете го тестото во најлонска фолија и нека почива во фрижидер најмалку половина час.

4. Повторете ја постапката со другата топка.

5. Кога тестото е убаво изладено, се сука кора со малку поголема големина од тавчето во кое ќе се пече зелникот, се става кората во подмачкан плех, рамномерно се распределува филот и се става втората кора. Краевите на двете кори се спојувааат и се затвораат спирално.

6. Пред печење попрскајте го со малку вода и масло.

7. Се пече на 200 степени во загреана рерна, додека зелникот не добие убава златна боја. После печење, покријте го со крпа да одмори неколку минути.

Конзумирајте заедно со Битолско кисело млеко. На здравје!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here