Има безброј рецепти за питулици, секој ги подготвува на свој начин, а нам ни се најубави овие. Во поново време ги нарекуваат мекици, а во други делови од земјава ги викаат тиганици, лангиди итн.

Состојки 1 kg брашно 40 g квасец 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 30 мл масло 600-650 ml млака вода 1 јајце

Подготовка:

Активирајте го квасецот со малку млака вода, 1 лажиче шеќер и малце брашно.
Откако ќе се активира, додадете го во брашното, додадете сол, масло, 1 јајце
и пополе додавајте млака вода. Замесете средно меко нелепливо тесто и оставете го
да нарасне околу 1 час. Откако ќе нарасне убаво, со намрсени раце оформете
ги питулиците и ставајте ги во врело масло да се пржат од двете страни.
Испржените питулици вадете ги и ставајте ги на хартија да се упие вишокот маснотија.
Комбинирајте ги со сирење или џем.
На здравје!

Рецептот ни е испратен од macedoniancuisine.com (македонска кујна во англиска верзија)