Почитувани битолчани,

Ротари Клуб Битола „Широк Сокак” со поддршка на Општина Битола, по примерот на големите светски метрополи организира „Битолски новогодишен базар” на ден 27.12.2018. од 16-22 часот.

Пишуваме историја….

Бидете дел од првиот „Битолски новогодишен базар”. Ве очекуваме на еден поинаков “Аfter work” со музика, на чаша варено вино или ароматичен чај со рум!!!

Нека биде празник за НАШАТА БИТОЛА со музика што ја храни душата, а дружбата го храни срцето. Плоштадот „Магнолија” нека биде местото каде ќе ја оживееме магијата на старите дружби на Широк Сокак, каде низ вековите се родиле многу љубови, многу пријателства и многу бизнис партнерства. Сретнете се со школски другари, со соседи од старoто маало, со соработници , роднини и пријатели на едно место…

На овој настан предвидено е да учествуваат компании и индивидуалци кои ќе ги изложуваат и продаваат своите производи.
Средствата кои ќе бидат собрани на овој настан по пат на спонзорства целосно ќе бидат насочени во нашите хуманитарни проекти.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!

Битола Бабам Битола-Таму се живот живее таму се јаде и пие…

ПРОГРАМА за првиот Битолски новогодишен базар:

ДЕТСКИ дел 16-17часот : СИДО, Звончиња, Маскоти.

ЗАБАВЕН дел 17-22часот: Expose Dance Studio, Аnastasija Center.

Изведувачи: ПАМПЕРС , Стефанија Милевска, Unikat Bend и DJ Limon…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here