Римпапа

Битолски израз за опис за прикриено подол, итар, злобен човек. Ја објаснува верската толеранција на типичен македонски православец кон католицизмот. Кованица од Рим и Папа. Се изговара заедно. Акцентот е на првото „а“.

Ти го мислиш бајче, уствари каков римпапа бил тој!

Уљандисан

Многу загрижено лице. Битолски.

– Шо си бе таков уљандисан целио?- Ќути брат…

Креместаре

Закачалка за облека. Битолски.

Пештемел

Бањарка. Битолски.

Фотографии непознат извор од интернет (www)