hdr

Ментол

1) Нане. 2) Лице со ментални предизвици. (Битолски)

“Батали ги тие, ментоли се сите…”

Ќулафка

Конус од хартија наменет како тејк-авеј амбалажа за сончоглед, семки и слично…

“Господине да ти напрам една ќулафка? Со сончоглед или со семки?”

Семки-кикири

Битолски опис за безначајност на нешто.

“Фати нешто чера бе? Ништо бе брат, семки-кикири.”