На 19.11.2018 година (понеделник) во 00.30 часот Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола беше добиено известување дека 4 (четири) лица се завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден.

Веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, беа превземени сите активности за спасување на завеаните лица.По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола.

Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траеа до 6 часот наутро, и истите беа завршени на безбеден начин.

Ова е уште една успешна акција за спасување на луѓето, како врвен приоритет на Дирекцијата за заштита и спасување.

Извор ДСЗ

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here